| Учете средно во САД?
Не
постои подобар начин да се запознае американската култура, а воедно
и јазик, од искуствата минати во живеење и учење во САД, како член
на американско семејство.
Почнувајќи од август, ученици на возраст помеѓу 15 и 18 г. поминуваат
цела учебна година во американско средно училиште, живеејќи во американско
семејство - домаќини.
Учениците се сместуваат во семејства низ цела САД - почнувајќи од
мало населено место во државата Iowa па се до предградие на Boston.
Програмата USA High School обезбедува:
- Вклучување во американско средно училиште
- Целоснa културна интеграција
- Можност да се учествува во американското секојдневие
- Грижливо селектирано семејство-домаќини и нивна поддршка
- Целогодишна поддршка (супервизија) од локален CIEE координатор
Програмата USA High School вклучува:
- 3 дневен престој во New York (прилагодување) на почетокот од
програмата
- обезбедни појадоци, workshop-ови, разгледување на градот.
- Здравствено осигурување и осигурување од несреќи
- 24 часовна надгледување (супервизија) на локалниот координатор
Придобивки од престојот во американско семејство:
- Прекрасна семејна околина
- Тивко место за учење
- Обезбедени семејни појадоци, вечери
- Запознавање со локалната заедница
- Доживотни пријатели
- Надоградба на вашиот англиски јазик во real-life примена
Учесниците во програмата USA High School треба да демонстрираат
способности, мотивација и зрелост, за да се оствари целта на програмата.
Критериуми за примање на ученици во програмата
(поставени од United States Information Agency - USIA)
- учениците треба да се на возраст помеѓу 15 и 18.5 години. Мораат
да имаат наполнето 15 пред да пристигнат во САД и да не наполнат
19 пред 1/Фев/2003
- да го познаваат англискиот јазик во доволна мерка, за комуникација
во училиштето и семејството. При тоа треба да посетувале најмалку
3 години часови по англиски јазик во училиштето. Познавањето на
англискиот јазик се проверува преку тестирање (Michigan Test).
- да немаат повторувано година или слаба оцена по англиски јазик.
- просекот на оценките од полугодието и трите претходни години
да е поголем од 3.5
- да поседува соодветна мотивација и зрелост за учество во програмата
- да не биле одбиени од Американската Амбасада при аплицирање
за било кој вид на Американска виза
Процес на аплицирање
- се проверува практичното знаење на англиски јазик, преку Michigan
тест
- оценка на неопходни лични квалитети, преку водење на лично интервју,
разговори со родителите и препораки од наставници.
- пополнување на апликациските формулари
- основни информации за ученикот
- претставување на ученикот до училиштето
- обраќање на ученикот до идното семејство
- преводи на сведителства и препораки од училиштето
- оценка за здравјето на ученикот (преглед кај матичниот лекар)
- писмена согласност од родителите за програмата
- семеен албум пополнет со 6 семејни фотографии
- писмено обраќање на родителите до американското семејство
- 8 студиски фотографии
- комплетираните апликации се испраќаат во седиштето на CIEE во
САД, запазувајќи го крајниот рок 31/мај/2002
- кај примените апликации се проверува комплетноста и исполнување
на бараните критериуми.
- се дистрибуираат апликациите низ целата држава САД и истовремено
се бараат "кандидати" меѓу грижливо селектирани семејства.
- откако ќе се добие семејство, се обезбедуваат J-1 американски
визи
- се планираат аранжманите за патување - авионски летови
- програмата започнува во средината на месец август 2002
Програмски трошкови
Програмските трошкови за академска 2002-2003 година изнесуваат:
$3,990
За касно пристигнати апликации по 31/мај/2002 важи принципот на
слободни места и трошоците за програмата ќе изнесуваат: $4,190
Имајте во предвид дека Council е регистрирана како непрофитна организација
во САД и дека американските семејства не добиваат никаква финансиска
компензација за нивното учество во програмата како домаќини на учениците.
При тоа вклучени се:
- севкупните трошкови врзани за упис во средно училиште во САД
- административни трошкови за логистика и реализација на програмата
- 3 дневен организиран престој на прилагодување во New York. Вклучено:
пречек и трансфер од аеродром-хотел, разгледување на градот, инструкции.
- секојдневно надгледување и поддршка од локален координатор на
CIEE
- комплетно здравствено осигурување и осигурување од несреќи
Не е вклучено:
- трошоци за повратен авионски билет ($700 - $1,100)
- трошоци врзани за обезбедување на американска виза ($45)
Избор
на регион на престој во САД:
Од оваа програмска година овозможено е и можност за избор на регион
на престој:
- само за пристигнати апликации до 31/Јан/2002 и со дополнителен
трошок
- региони на САД и трошок: Североисток - $500, Југ - $300, Југозапад
- $300, Средензапад - $300, Северозапад - $300.
План за плаќање:
Аванс за процесирање на апликацијата: $690
Краен рок: 30 дена пред почнување на програмата (останатите $3,300).
Ако се откаже програмата, се задржуваат:
- $400 - пред 1 јули 2002, или во случај на одбивање за американска
виза
- $690 - помеѓу 1 јули 2002 и почетокот на програмата (август
2002)
Повеќе информации на телефонот (02) 133388
|